Тенискиот турнир на Олимписките игри ќе трае од 25 јули до 4 август, а според „Clay tennis“, Новак Ѓоковиќ, кој е втор носител во Париз, нема да биде во олимпиското село за време на натпреварувањето.
Како причина, споменатиот портал наведува дека српскиот тенисер до таква одлука дошол по претходните Игри во Токио, каде поради големиот интерес на другите спортисти го загубил фокусот, што на крајот го попречило во потрагата по олимпиското злато, инаку единствениот трофеј што му недостасува во богатата кариера.
Овој пат реши да го промени пристапот и да остави малку приватност за себе.
„Очекуваме Новак да пристигне во следните неколку дена, иако нема да остане со нас во селото“, пишува гореспоменатиот портал, повикувајќи се на извори од организациониот тим на српската делегација.
Fun Facts about The Olympic Village 🤓:
🐟 Mattresses are made from recycled fishing nets that will be repurposed post-Games
♻️ The village runs on 100% renewable energy
🏘️ Premises will be transformed into 2,800 houses#OlympicAgenda in action! pic.twitter.com/tNZIgjreBT— IOC MEDIA (@iocmedia) July 4, 2024
Да потсетиме, Новак беше во посебно сместување на Игрите во Рио во 2016 година, но поради желбата да го доживее животот во олимпиското село, тој беше со останатите спортисти во Токио. Таму, логично, привлече големо внимание, па често беше во очите на јавноста, а овој пат, изгледа, повторно сакаше поголема приватност.
Патем, олимпиското село се простира на 54 хектари и се наоѓа северно од Париз, ќе биде домаќин на најмалку 14.500 олимпијци и помошен персонал. По Игрите, селото ќе се трансформира во еколошка населба од која ќе имаат корист 6.000 жители и ќе вклучува две училишта, хотел, јавен парк, пазари и уредени површини за пешаци и немоторни возила.