Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш се осврна на соработката со Енди Мареј.
Новак реши Мареј да му биде тренер на стартот од новата сезона. Со оваа одлука, која се обиде да ја објасни, ги затекна сите.
– Поминував низ процес да размислувам за следната сезона и да се обидувам да сфатам што ми треба во оваа фаза од кариерата. Во март ја прекинав соработката со Горан Иванишевиќ, со кого имав успеси со години. Ќе ми требаат околу шест месеци за навистина да размислам дали ми треба тренер и, доколку е така, кој ќе биде тој – рече Ѓоковиќ и додаде:
– Имаше различни имиња, сфатив дека совршен тренер за мене во овој момент ќе биде некој што го поминал тоа низ што поминувам јас. Веројатно повеќекратен Гренд слем шампион, поранешен број еден.
Мареј не ја очекувал оваа понуда.
– Размислував за тие луѓе и потоа се појави дискусијата за Енди Мареј. Тоа го фати неспремен, не го очекуваше тоа. Брзо се поврзавме и тој прифати по неколку дена – нагласи Новак.
Инаку, скорот на Ѓоковиќ во кариерата против Мареј е 25-11 во победи.