Ѓоковиќ објави фотографија од повредата за сите „експерти“

од Nikola Popovski
104 прегледи

Реакцијата на австралиската публика по полуфиналето во машкиот сингл на Австралија опен предизвика многу контроверзии. Бројни фанови во Мелбурн го исвиркаа српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, бидејќи беше принуден да се повлече од мечот со Александар Зверев по првиот сет. Некои отидоа дотаму што се посомневаа во повредата на освојувачот на 24 Грен слем титули.

Српскиот тенисер им одговори на сите објавувајќи радиолошка слика од повредата на задните вкрстени лигаменти на социјалните мрежи.

„Мислев дека ќе го оставам ова овде за сите „експерти“ за спортски повреди“, стои во објавата на српскиот тенисер.

Сликата го покажува скенирањето со магнетна резонанца.

Во прашање е левиот заден дел од ногата на Ѓоковиќ, а објавената слика покажува дека прегледот е извршен во клиниката „Викторија Хаус Медикал Имиџинг“. Клиниката се наоѓа во предградие на Мелбурн.

Снимката е направена на 25 јануари, ден по повредата која го принуди Новак да се повлече од полуфиналето.

Слични содржини