Ѓоковиќ откри уште колку долго ќе игра

од Nikola Popovski
297 прегледи

Како што одминува времето и освоеното злато во Париз на Олимписките игри, се почесто се поставува прашањето: Уште долго колку ќе игра српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ?

Еден од најдобрите на сите времиња откри дека во овој момент нема намера да се пензионира и дека се уште се чувствува добро на теренот.

„Се додека се чувствувам како што се чувствувам сега, задоволство и уживање е да се биде на теренот. Без разлика каде сум. Сакам да продолжам да играм додека се чувствувам така. Очигледно нема да биде така на секој натпревар, но се додека можам да се натпреварувам на највисоко ниво, ќе продолжам да играм. Желбата е тука“, истакнал Ѓоковиќ.

Вели дека поддршката доаѓа од најблиските во неговиот живот.

„Па да видиме до каде ќе стигнам“, открил популарниот Ноле за „Tennis Channel“ во Мајами.

Се осврнал и на тоа кој е најголемиот тенисер во историјата.

„Одлично е да се биде дел од дебатата за „GOAT“, но навистина е тешко да се споредува“, скромно одговорил Ѓоковиќ.

Слични содржини