Ѓоковиќ: Планирам да се натпреварувам и да играм и следната сезона

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека планира да се натпреварува и да игра и следната сезона и додаде дека е задоволен од годината иако не освоил ниту еден Гренд слем трофеј, но освоил злато на Олимписките игри во Париз.

„Во однос на резултатите, ова беше една од најлошите сезони. Во одреден момент мораше да има година кога нема да освојам Гренд слем и не можев да го задржам тоа високо ниво по толку години. И тоа е во ред. Среќен сум со златниот медал на Олимпијадата, тоа беше мојата главна цел оваа година, се разбира, би сакал да освоев Гренд слем, но тоа е тоа една од оние сезони што треба да ја прифатите. Повеќе од среќен сум со сето она што го постигнав во својата кариера“, изјави 37-годишниот Ѓоковиќ на прес-конференција по поразот од Јаник Синер во финалето на Мастерсот во Шангај.

Синер го совлада Ѓоковиќ со 2:0 (7:6(7:4), 6:3).

Слични содржини