Ѓоковиќ поразен во Мајами, чешки тинејџер со триумф и рекорд

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ остана без 100-та титула во кариерата, „благодарение“ на чешкиот тенисер Јакуб Меншик, кој победи со 7:6 (4), 7:6 (4) во финалето на Мастерсот во Мајами.

Овој 19-годишен чешки тенисер поведе со 3:0 на стартот од првиот сет, по што Ѓоковиќ се врати и ја надополни брејк негативата, а потоа првиот сет го однесе во тај брејк каде Меншик поведе со 5:0 и лесно го приведе првиот сет до крај.

Вториот сет ни донесе порамномерна игра на двата ривали со само две брејк топки, двете за чешкиот тинејџер во петтиот гем, кој не успеа да ги искористи, па и овој сет отиде во 13. гем.

Тај брејкот во вториот сет беше нешто порамномерен од првиот, но и овој му припадна на Меншик, кој на крајот ја освои титулата на Мастерсот и го спречи српскиот тенисер да дојде до својата титула бр.100.

Ова беше прва титула во кариерата на Меншик, а Чехот стана и првиот тенисер роден во 2005 година или помлад кој го постигнал ова.

Слични содржини