28
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ падна на шестата позиција на АТП листата, откако Американецот Тејлор Фриц се искачи на петтата позиција.
Поради опоравувањето од повредата, Ѓоковиќ се повлече од завршниот Мастерс во Торино и може да отпадне од друштвото на најдобрите десет играчи во светот.
Некои мали промени се случија меѓу првите десет. Прв и понатаму е Италијанецот Јаник Синер, втор Германецот Александар Зверев, а трет е Шпанецот Карлос Алкараз.