Ѓоковиќ: Сакам да играм уште неколку години, Вимблдон е мојата најголема шанса за 25. Гренд слем

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, пред учеството на претстојниот Гренд слем Вимблдон, изјави дека има желба да продолжи да игра уште неколку години, доколку остане физички здрав и ментално мотивиран.

од Марта Пешевска
11 прегледи

„Дали ова е мојот последен танц? Не знам. Би сакал да играм на највисоко ниво уште неколку години. Вимблдон е мојата најголема шанса за нова титула, поради резултатите и чувството што го имам на овој турнир“, изјави Ѓоковиќ.

Досега, Ѓоковиќ има освоено 24 Гренд слем титули, а на Вимблдон триумфирал седум пати. Рекордер со осум трофеи е Роџер Федерер.

Слични содржини