Ѓоковиќ се откажа од завршниот „Мастерс“ во Торино

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ објави дека нема да се натпреварува на завршниот Мастерс во Торино годинава.

Оваа вест Новак ја сподели преку социјалните мрежи и рече дека причината за неговата одлука е тоа што не е доволно подготвен да се натпреварува со најдобрите во светот.

„Сакав да бидам дел од тоа натпреварување, но едноставно не можев. Повредата е таква што морав да се откажам, им се извинувам на сите“, рече, меѓу другото, Новак Ѓоковиќ.

Ако случајно учествуваше на турнирот во Торино, Ѓоковиќ ќе го бранеше пехарот освоен лани кога во финалето го совлада Италијанецот Јаник Синер со 6:3, 6:3.

Српскиот тенисер седум пати го освојуваше завршниот Мастерс во 2008, 2012, 2013, 2014, 2015, 2022 и 2023 година.

Годинешниот Завршен Мастерс во Торино ќе се игра од 10 до 17 ноември, а организаторите обезбедија награден фонд од 15.250.000 долари.

Слични содржини