Ѓоковиќ се сели во земја од соседството

од Nikola Popovski
45 прегледи

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, се сретна со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис поради преселбата во Атина. Тенисерот сака да се пресели во грчката престолнина со своето семејство, а сега е и познато кога Србинот ќе стане официјален жител на нашиот јужен сосед.

Пред неколку дена, Ѓоковиќ пристигна во Атина со сопругата Јелена, со намера да останат таму, заедно со нивните деца. Потоа следела средба со премиерот, Киријакос Мицотакис, како што објави грчка „Газета“.

Мицотакис ја прифатил идејата Ѓоковиќ да стане жител на Грција.

Новак и неговото семејство ќе се преселат во Атина по овогодинешниот УС Опен, во септември.

Како што се пренесува, Ѓоковиќ планирал да ги школува своите деца, Стефан и Тара, во Атина.

Слични содржини