5,1K
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ излезе со коментар за операцијата на менискусот.
„Вчера морав да донесам некои тешки одлуки по скинат менискус на последниот натпревар. Сè уште обработувам сè, но со задоволство можам да ви кажам дека операцијата помина добро. Многу сум благодарен на тимот лекари кои беа покрај мене“, напиша Ѓоковиќ на своите профили на социјалните мрежи.
Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос поради повреда на коленото.
Во четвртфиналето на турнирот во Париз требаше да игра со Норвежанецот Каспер Руд.
Откако српскиот тенисер беше елиминиран од Отвореното првенство на Франција во четвртфиналната фаза, Италијанецот Јаник Синер ќе стане првиот светски рекет.