38
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер со најмалку 90 победи на секој Гренд слем турнир, објавено е денеска на официјалната сметка на УС Опен.
Победата на Ѓоковиќ против Ласло Ѓере, кој му го предаде мечот во второто коло на УС Опен, стана 90-та на Гренд слем турнирот во Њујорк.
Олимпискиот шампион од Париз во кариерата има 94 победи на Австралија опен, 96 на Ролан Гарос и 97 на Вимблдон.