Поранешниот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев денеска изјави дека францускиот предлог не е добар за Македонија и дека Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија може повторно да се преговара.
„Предлогот на Франција не е добар за Македонија. Договорот со Бугарија може повторно да се преговара. Има член кој вели дека може да се репреговара“, рекол Ѓорчев во емисијата „Дејли клик“.
На прашањето што со ставот на еврокомесарот Оливер Вархеји кој претходно изјави дека Договорот не може да се репреговара, Ѓорчев вели дека сега ќе се смени, но и бидејќи во Бугарија ќе има нови избори.
„Вархеји сега ќе биде сменет. Нема да биде тој, ќе биде некој друг. Тоа е шансата. Исто така има шанса затоа што ќе има избори во Бугарија, па ќе видиме кои ќе бидат таму силите. Во Бугарија има многу рационални политичари кои ја ценат Македонија. Лично, мислам дека можеме да преговараме со ова раководство на ГЕРБ. И Петков беше во ВМРО-ДПМНЕ, разговаравме многу конструктивно и паметно како да ги надминеме проблемите. Вие имате право да дадете предлог анекс на тој договор. СДСМ кога видоа дека тоа е ќорсокак, требаше да предложат промени на истиот“, изјавил Ѓорчев.