Ѓорчев засолнет во Киев, имало опасност од бомби

од Nikola Popovski
913 прегледи

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на партијата, Влатко Ѓорчев деновиве е во посета на Украина. Тој на социјалните мрежи објави дека главниот украински град Киев бил под закани од напади, поради што морал да биде префрлен во засолниште.

-Добро сум, ќе помине. Сирени во Киев, опасност од бомби. Засолниште под земја. Поздрав до сите, сподели поранешниот пратеник.

Ѓорчев исто така објави дека го посетил дворот на црква во градот Буча, каде минатата 2022 година за време на руската окупација во масовна гробница биле закопани 116 егзекутирани луѓе.

Поранешниот пратеник остварил средби и разговор со неколку украински семејства.

Слични содржини