Состаноците на македонско-бугарската историска комисија се одржуваат редовно и засега нема никаков напредок, изјави денеска во Штип академик Драги Ѓоргиев, кој е копретседател на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Тој посочи дека годинава Комисијата одржала состанок во февруари, а следниот е во април. На прашањето кога ликот и делото на Гоце Делчев ќе бидат ставени на дневен ред на Комисијата, Ѓоргиев со одговор дека дневниот ред се одредува пред самиот состанок.
-Се уште немаме утврдено дневен ред за следниот состанок, вели Ѓоргиев.
Прашан, кога се очекува напредок по толку поминати состаноци и дали ќе имаат некое решение, кое ќе го објават на јавност, Ѓоргиев изјави дека Комисијата ќе работи се додека има простор за разговор.
-Треба да се водат разговори, дијалогот треба да продолжи, а за резултатите кога ќе бидат тоа е неизвесно, рече Ѓоргиев.
Посочи дека Комисијата дискутира за македонските учебинци за седмо одделение и за бугарските учебници за шестто одделение.