Ѓорѓе Давид официјално ја напушти Македонија

од Nikola Popovski
632 прегледи

Српската музичка ѕвезда Ѓорѓе Давид официјално ја напуштил Македонија, откако добил одобрение од судските институции.

По напуштање на земјава, Давид закажал конференција за печат за српските медиуми во текот на утрешниот ден.

„Ѓорѓе замина за Србија. Ги помина сите процедурални барања од нашите надлежни институции и во текот на вчерашниот ден доби дозвола да ја напушти Македонија. Тој, како и досега, е достапен на нашите органи и ќе се јавува во судот во Куманово еднаш месечно. За се што има да каже во однос на ситуацијата, да го почекаме утрешниот ден и нашите медиуми ќе ги добијат сите релевантни и официјални информации од Ѓорѓе”, вели Вера Мештеровиќ, менаџер на Ѓорѓе Давид за Македонија.

Слични содржини