Ѓорѓе Давид го запознал сопругот на жената која ја усмрти со автомобилот

од Stefanija Kuzmanovska

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид пред еден месец со својот автомобил усмрти жена во Македонија, а сега откри дека се запознал со сопругот на жртвата.

Тој откри дека оваа средба и емотивниот разговор му биле исклучително важни.

„Јас се запознав со човекот чија сопруга настрада во таа сообраќајна несреќа. Разговорот што го имав со него беше крајно човечки, нормален, крајно татковски. И тој е татко на женско дете, и јас сум. Тоа ми беше многу важно за да го отстранам огромниот товар од моето срце бидејќи знаев дека сака да ја слушне приказната од главата на човекот кој седеше зад воланот. Мислам дека тоа му расчисти некои облаци во главата. Многу ми е важно човекот да е свесен за целата ситуација. Го направив најдоброто што можев во тој момент“, наведе Ѓорѓе Давид и додаде дека никогаш нема да го заборави тој разговор.

„Седнавме на јавно место, еден спроти друг. Тоа беше многу емотивен разговор кој траеше 45 минути, никогаш нема да го заборавам. До тој степен ми е важен како раѓањето на моето дете, првиот бакнеж, првиот концерт и слично“, истакна музичарот.

Слични содржини