Ѓорѓе Давид остана без пасошот

од Nikola Popovski
300 прегледи

На предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, на српскиот пејач Ѓорѓе Давид, кој учествуваше во тешка сообраќајна несреќа кај Табановце, во кое едно лице загина, му се изречени мерки на претпазливост – привремено одземање на патните и другите исправи (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државните граници и обврска за пријавување во суд, соопштија од Обвинителството.

Овие мерки уследија по тешката сообраќајна несреќа во која загина една жена.

Сообраќајната несреќа се случи доцна навечер во саботата. Српскиот пејач минал со полесни повреди.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа во близина на граничниот премин Табановце во која едно лице го загуби животот.

Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобили, “Фолксваген поло” со кумановски и “Фолксваген голф” со скопски регистарски таблици, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока.

По тој првичен судар, патничката од кумановското возило излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил “Опел инсигниа” со српски регистарски таблици. Од ударот жената се здобила со тешки повреди од кои починала.

Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и за испитување на примероци од крв и урина на другите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди. Прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.

Слични содржини