Ѓорѓеску: Ако бидам избран за претседател на Романија, ќе ја прекинам помошта за Украина

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Романскиот претседателски кандидат Калин Ѓорѓеску, екстремно десничарски кандидат кој победи во првиот круг на претседателските избори, изјави дека доколку биде избран за претседател, ќе прекине секаква помош за Украина.

Ѓордеску во интервју за Би-Би-Си изјави дека не се точни тврдењата на романските власти дека е поддржан од Русија, наведувајќи дека тој се бори за интересите на романскиот народ.

Тој посочи дека треба само да се грижи за своите луѓе кои, како што наведе, имаат многу проблеми.

Уставниот суд го поништи првиот круг од претседателските избори

Уставниот суд на Романија денеска ги поништи резултатите од првиот круг од претседателските избори, откако беа декласифицирани безбедносните документи и беше најавено дека процесот мора да се повтори, пренесува Ројтерс.

Во првиот круг од изборите на 24 ноември победи кандидатот на ултранационалистичката и проруска партија Калин Ѓорѓеску, а во вториот круг излезе проевропската кандидатка Елена Ласиони.

Вториот круг гласање требаше да се одржи на 8 декември, јавува Танјуг.

Слични содржини