Ѓорѓеску: Одлуката на Уставниот суд на Романија да ги поништи изборните резултати е официјален државен удар

од Vladimir Zorba
39 прегледи

Независниот кандидат на претседателските избори во Романија, Калин Ѓорѓеску синоќа изјави дека одлуката на Уставниот суд за поништување на првиот круг од изборите претставува официјален државен удар.

„На овој ден романската држава ја згази демократијата. Државата е во состојба на индуцирана кома. Заедно со народот го направивме она што го кажавме, напишавме историја. Време е да покажеме дека сме храбар народ“, рече Ѓорѓеску, кој победи во првиот круг на гласање, во обраќање на ТВ каналот Реалитатеа.

Тој посочи дека демократијата е нападната, а партиските лидери се плашат дека нивните досиеја ќе излезат на виделина.

Слични содржини