Ѓорѓиевски бара победа во првиот круг за граѓаните „да не мрзнат по автобуските станици“

„Сакам да го скратиме времето за час поскоро да работиме. Затоа ја барам поддршката за тоа да го направиме во првиот круг. Три недели многу значат. Доаѓаат зимски месеци кога нашето население ќе треба да мрзне по автобуските како што мрзне цел изминат период. Имаме четири години нефункционално ЈСП“, кажа Ѓорѓиевски

од Nikola Popovski
9 прегледи Фото: Фб профил на Орце Ѓорѓиевски

Кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска во Ѓорче Петров најави инфраструктурни интервенции кои ќе започнат веднаш по изборите. Во неговата визија за Скопје која носи концепт за нулта сообраќајни несреќи, рече дека се планирани редизајнирање на 50 критични крстосници и улици.

Ѓорѓиевски говореше и за проблемите во јавните претпријатија под капата на Градот.

-Ние имаме систем кој што е руиниран, нефункционален, но, граѓаните немаат повеќе време за чекање. Затоа ние работите ќе мораме да ги фатиме од сите аспекти наеднаш – да имаме регулација на состојбите во ЈСП. Затоа ги повикувам граѓаните – извесно е дека ќе ја добиеме поддршката и дека ќе победиме. Сакам да го скратиме времето за час поскоро да работиме. Затоа ја барам поддршката за тоа да го направиме во првиот круг. Три недели многу значат. Доаѓаат зимски месеци кога нашето население ќе треба да мрзне по автобуските како што мрзне цел изминат период. Имаме четири години нефункционално ЈСП. Не велат дека во времето на Шилегов било нешто подобро, но сега имаме класичен дебакл и руиниран систем, кажа кандидатот за градоначалник од Ѓорче Петров.