Во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија во текот на вчерашниот ден се оствари средба на претседателите на Стопанска комора на северна Македониja, Бранко Азески, Стопанска комора на северо-западна Македонија Нухи Алиу и домаќинот преседателот на ССКМ Горан Ѓорѓиевски.
На средбата се отворија повеќе теми значајни за македонскиот бизнис сектор и можностите за подобро позиционирање и конкурентност во регионот и Европа. Во непредвидливата состојба на економско поле во рамките на европскиот пазар предизвикана од војната во Украина и енергетската нестабилност како ресурс престојат големи предизвици за малите економии како македонската и големата изложеност на европскиот пазар кој во одредени економски гранки бележи стагнација.
Предизвиците кои се повеќе се исправени пред македонскиот бизнис секор се човечките ресурси,сивата економија и потребата од подобрувања за законската легислатива кои би стимулирале раст на домашното производство и македонските компании се дел од барањата на бизнис секторот на кои сите трите комори во периодот ќе работат на заеднички предлози кои ќе бидат преставени пред македонската влада.