Ѓорѓиевски ги покани Јакимовски и Костадинов на состанок во ЗЕЛС

од Nikola Popovski
53 прегледи

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска на средба ги повика градоначалниците на Струмица и Карпош, Костадинов и Јакимовски, кои незадоволни најавија напуштање на ЗЕЛС. Ѓорѓиевски смета дека се прави вештачко креирање на проблеми и дека има политика во нивните најави за излегување од ЗЕЛС.

Неизвесно е дали ќе дојде Костадинов, бидејќи по поканата во петокот, се огласи на социјалните мрежи со негативен одговор. Јакимовски пак не е оптимист дека овој состанок би ги сменил актуелните состојби.

-Со колегата Јакимовски имавме една неформална средба на која заеднички констатиравме дека тој нема забелешки на работата на ЗЕЛС, туку на одредена несоработка со поедини министри од централната власт. Како Претседател на ЗЕЛС, се понудив заедно со моите потпретседатели, Висар Ганиу и Перо Костадинов, да влезам на еден цивилизиран начин во процесот и да помогнам преку медијација, вели Ѓорѓиевски.

Најавата за излегување од ЗЕЛС на Костадинов дојде откако владата одби да го финансира неговиот проект за градскиот пазар, но и по предизвиците со водата за пиење. Јакимовски пак вели дека имал политички притисоци од власта.

Во изјава за медиумите, дадена пред седиштето на Општина Карпош, Јакимовски рече дека неговата намера за напуштање на ЗЕЛС не била сфатена сериозно. Тој испрати порака до министрите дека мора да си ја вршат работата во согласност со закон без разлика дали им се допаѓа Општина Карпош или не.

Јакимовски и претходно најави дека ќе ја напушти ЗЕЛС, посочувајќи дека дел од министрите во Владата треба да го коригираат својот однос кон нив како градоначалници.

Слични содржини