Ѓорѓиевски: Градоначалник не значи да се занимаваш со висока политика

од Nikola Popovski
33 прегледи

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вели дека уште пред две години изразил желба за да стане нов предводник на Градот Скопје. Вели дека со „се она што го сработил во Кисела Вода и дадената можност од Бог и граѓаните, ја искористил правилно да го покаже неговиот потенцијал и потенцијалот на неговиот тим“.

За имињата на повеќе кандидати кои шпекулираат во кругот на ВМРО-ДПМНЕ за нов градски татко на Скопје, Ѓорѓиевски вели дека тоа говори за демократскиот капацитет на партијата и добро е да има конкуренција. Во тек се партиски анкети во партијата на власт. Според него, важно е да се направат промени во Градот Скопје.

-Градоначалник не значи да се занимаваш со висока политика. Градоначалник значи да бидеш човек кој што треба да ги решаваш секојдневните проблеми на граѓаните, кажа Ѓорѓиевски по седницата на Управниот одбор на Заедница на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) заедно со министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Слични содржини