Ѓорѓиевски ја прифатил поканата на Канал 5 за дебата со Мециновиќ

Транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија, а токму тоа ќе го покажеме и овој пат, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

од Vladimir Zorba
40 прегледи Фото: Фејсбук/Креатива Локално

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски соопшти дека ја прифаќа поканата што ја добил од ТВ Канал 5 за дебата со неговиот противкандидат во вториот круг на локалните избори – Амар Мециновиќ од Левица.

-Тоа е прва телевизија со национална концесија која достави покана за дебата. Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на Скопје. Транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија, а токму тоа ќе го покажеме и овој пат, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Слични содржини