Ѓорѓиевски: Обезбедивме средства за фотоволтаици на училиштата и за набавка на комбиниран ровокопач-натоварувач

од Radmila Tasevska
271 прегледи

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи потпишаа договор преку кој општината ќе добие средства за набавка на комбиниран ровокопач-натоварувач и за фотоволтаици за училиштата.

– Поседувањето на комбиниран ровокопач-натоварувач (багер) за Општина Кисела Вода значи големо финансиско олеснување, бидејќи истиот се користи за чистење и одржување на поголемите канали и мини депониите, за што се ангажира надворешна фирма. За овој издаток, Општина Кисела Вода годишно издвојува од 10 до 11.5 милиони денари, информираат од Општината.

Покрај средства од Бирото за регионален развој при Министерство за локална самоуправа, за комплетна реализација на овој проект, Општина Кисела Вода ќе обезбеди средства и преку сопствено кофинансирање.

Воедно, денеска Општина Кисела Вода доби и финансиски средства за набавка на фотоволтаици за сите основни училишта на нејзинатериторија.

– Преку овој Договор за реализација на проект во Скопски плански регион, во кој повторно Општина Кисела Вода учествува и со сопствени средства, ќе се постават фотоволтаични системи, со што се штити животната средина, се подобруваат условите за учење и се врши заштеда во сметки за електрична енергија. Инвестирањето во обновлива енергија е светски тренд кој Кисела Вода успешно го имплементира и се очекува да даде резултати, кои се многу важни и потребни во услови на огромна економска криза во која се наоѓа државата, велат од Општина Кисела Вода.

Слични содржини