Ѓорѓиевски: Претстојната кампања да биде натпревар на идеи и на визии, не на политички драми

Во овој момент на Скопје му недостига помирување, доза на политичка зрелост и соработка со сите, вели Ѓорѓиевски за „Локално“

од Бисера Трајковска
13 прегледи Фото: Орце Ѓорѓиевски

Претстојната кампања треба да биде натпревар на идеи, на визии и на конкретни решенија за проблемите на Скопје. Градот во моментот се соочува со сериозна дисфункционалност и акцентот мора да се стави на проекти, а не на дополнително загадување на јавниот етер. На граѓаните не им требаат дополнителни политички драми, меѓусебни навреди и обвинувања, вели кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. 

Тој во изјава за „Локално“ посочи дека ќе понуди програма која ќе го ревитализира Скопје.  

-Програма која ќе донесе ред во јавниот превоз, чистота на улиците и уредени паркови. Скопје е во исклучително парализирачка состојба и не смееме да го сведеме на политички препукувања. Очекувам дека барем дел од моите противкандидати ќе ја препознаат таа потреба и дека рационалноста ќе преовлада, бидејќи во моментот најважно е да се работи, посочи кандидатот за градоначалник на Скопје, рече Ѓорѓиевски. 

Според Ѓорѓиевски, луѓето се исцрпени да бидат само сведоци на лични пресметки и обвинувања кои не носат никаква корист.  

Тој е на ставот дека во овој момент, на Скопје му недостасува помирување, доза на политичка зрелост и соработка со сите.  

Позитивна изборна кампања или наплив на дезинформации: „Театарот ги полни социјалните медиуми, но не ги решава секојдневните проблеми“