Ѓорѓиевски се кае за поддршката за Арсовска: Направивме фатална грешка

од Nikola Popovski

Првиот човек на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска порача дека одговара за општината која ја води и изрази длабоко каење за дадената поддршка за избирање на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

-Точно е во даден момент политичка проценка била дека треба да дадеме поддршка на госпоѓата Арсовска и јас длабоко се каам за тоа што сум дал поддршка на човек кој сега го уништува градот. Политичка одговорност можам да поднесам ако во Кисела Вода, за која сметам дека одлично ја водам и давам се од себе, направам грешка од ваков тип. Немам што да поднесам одговорност затоа што во даден момент сме сметале дека треба да се даде поддршка за независен кандидат. Ова што се случува сега во Скопје, ниту било, ниту ќе биде видено во Скопје. Секој човек може да направи грешка, нашата е фатална, но се надевам и верувам длабоко дека нема да се повтори, кажа Ѓорѓиевски одговарајќи на новинарско прашање дали како градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Скопје ќе понесат одговорност за поддршката за Арсовска во пресрет на последните локални избори.

Слични содржини