Ѓорѓиевски: Скопје ќе има клучна улога во имплементацијата на системот „Сејф Сити“

Градот Скопје ќе има значајна и активна улога во имплементацијата на системот „Сејф Сити“, чија цел е воспоставување поголем ред, дисциплина и повисоко ниво на безбедност во сообраќајот.

од desk4
17 прегледи

Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска бил одржан координативен состанок со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, како и со експерти од областа на сообраќајот, на кој биле разгледани финалните подготовки за официјалното пуштање во функција на системот.

Според најавите, станува збор за суштинска реформа во управувањето со сообраќајот во главниот град. Наместо досегашниот концепт на „зелен бран“, ќе се воведе паметен зелен бран, модерен и адаптивен систем кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, со цел намалување на гужвите и побезбедно и поефикасно движење низ градот.

Во наредниот период, Советот на Град Скопје се очекува да донесе низа одлуки поврзани со дистрибуцијата на сообраќајот, особено во централното градско подрачје. Овие мерки треба да придонесат за олеснување на сообраќајниот метеж, подобра организација и зголемен комфор за граѓаните.

Преку системот „Сејф Сити“ се предвидува и засилена контрола со цел спречување на девијантно и неодговорно однесување во јавниот простор, како и заштита на урбаната опрема и јавниот имот. Контролата, превенцијата и брзата реакција, како што се наведува, треба да станат стандард.

Со најавените мерки, Скопје прави чекор кон модерен европски град со паметни решенија, јасни правила и зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Слични содржини