Амбиенталниот воздух што го дишеме во градот Скопје е загаден со години наназад, но Цементарница Титан – УСЈЕ не е единствениот објект кој негативно влијае на него, јас и сите претставници во Советот на Град Скопје сме согласни дека УСЈЕ и сета останата загадувачка индустрија треба да се дислоцира надвор од градот, но станува збор за приватни парцели и за нивна дислокација потреба е дозвола од сопственикот, изјави во вчерашната емисија „Топ Тема“ на Телма ТВ Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Јас не можам да ви влезам директно во вашиот дом и да ви речам „Видете од денеска нема тука да ви стои во дворот гарнитурата, мора да ви стои на улица или не знам, нема да стои гарнитурата“, изјави Орце Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека разговарал со Премиерот на Владата во врска со постепено дислоцирање на сите индустриски капацитети надвор од централните градски подрачја како и дека тим на Град Скопје стапил во контакт со менаџментот на фабриките во врска со нивниот план за дислокација на кои не им се допаднал ставот, додавајќи дека на нив (властите) интересот треба да им биде здравјето на граѓаните.