Арда Ѓулер често е цврста резерва во Реал Мадрид, но засега нема намера да го напушти клубот.
Тој самиот потврди дека неговата иднина е врзана за кралскиот клуб, со што одговори на шпекулациите за потенцијално заминување.
– Реал Мадрид ми понуди план и јас се уште верувам во него – изјави турскиот интернационалец за Марка и додаде: – Уверен сум дека ќе триумфирам со овој клуб. Купив дури и куќа во Мадрид. Работам напорно и секогаш сум подготвен да бидам на теренот. Дојдов во Реал Мадрид да играм и да бидам важен дел од тимот. И нема да престанам да се борам додека не ја постигнам целта. Мојата желба е да учествувам на секој натпревар, што би му помогнало на тимот да ги освои сите трофеи“, потенцираше 20-годишниот фудбалер.
Досега оваа сезона, левоногиот играч одигра само 1.088 минути за Кралскиот клуб, но тој е цврст оптимист кога е во прашање иднината.
– До крајот на сезоната сме подготвени да се бориме за сите три трофеи (Ла Лига, Лига на шампиони, Копа дел Реј), што ќе биде возбудливо – заклучи Ѓулер.