44
Големиот талент на турскиот фудбал Арда Ѓулер стана третиот тинејџер кој забележал гол и асистенција на Европското првенство во фудбал за мажи.
Ѕвездата на Реал Мадрид постигна гол против Грузија во првиот натпревар на Турците на Евро 2024, а вчера асистираше за вториот гол на Демирал во победата од 2-1 над Австрија.
Така Ѓулер се приклучува на друштвото на Кристијано Роналдо и Вејн Руни како единствени други играчи кои постигнале ваков подвиг во едно европско првенство како тинејџер.
Интересно, Португалецот и Англичанецот го направија ова во исто време – на Евро 2004 година.