Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, денеска му честиташе на својот колега Тимчo Муцунски за преземањето на функцијата министер за надворешни работи на Македонија и изрази уверување дека со заеднички напори ќе придонесат за поблиско поврзување и соработка меѓу два народа, како и меѓу сите граѓани во регионот.
Ѓуриќ на социјалната мрежа „Х“ му посака на Муцунски многу успех во водењето на македонската дипломатија.
„Срдечни честитки до мојот нов колега Тимчо Муцунски по повод преземањето на функцијата и многу успех во водењето на дипломатијата на Северна Македонија. Верувам дека со заеднички напори ќе придонесеме за уште поблиска поврзаност и соработка меѓу нашите народи. како и сите граѓани во регионот“, објавил Ѓуриќ.
Срдачне честитке мом новом колеги @TimcoMucunski поводом ступања на дужност и пуно успеха у предвођењу 🇲🇰дипломатије.
Верујем да ћемо, заједничким снагама, допринети још приснијем повезивању и сарадњи наших народа, као и свих грађана у региону.
— Марко Ђурић (@markodjuric) June 24, 2024
Муцунски, кој воедно е и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја напушти градоначалничката функција во општина Аеродром за да го преземе Министерството за надворешни работи.