Ѓуриќ: Повиците на некои српски политичари ЕУ да воведе санкции врз Србија му штетат на имиџот на земјата

„Тоа навистина го нарушува имиџот на нашата земја во дел од Европа кој нормално нè гледа сите заедно, без оглед на тоа на која политичка опција припаѓаме“, рече Ѓуриќ

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: Министерство за надворешни работи на Србија

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, денес истакнал дека имиџот на Србија „се нарушува од повиците на одредени политичари од земјата упатени до Европската Унија за воведување санкции“.

Ѓуриќ посочил дека има „некои политичари во земјата кои дури и повикуваат на санкции“ против Србија, како и дека видел „еден лидер на една од помалите партии“ кого не сакаше да го именува, „кој буквално побара Европската Унија да ја санкционира владата на Србија, државата Србија, одредени институционални претставници“.

„Тоа навистина го нарушува имиџот на нашата земја во дел од Европа кој нормално нè гледа сите заедно, без оглед на тоа на која политичка опција припаѓаме, а има и земји во рамките на ЕУ каде што постои високо ниво на скептицизам во однос на тоа дали Србија, дури и да ги исполнува сите услови, треба да биде прифатена како рамноправна и еднаква на европската маса“, навел Ѓуриќ, пренесуваат српските медиуми.

Тој посочил дека, за жал, ваквите наративи се „на нивна штета“ и дека „разни пропагандисти во регионот кои сакаат да ја прикажат Србија заедно „без оглед на владата или опозицијата како незрел деспотизам во кој владеат национализмот и омразата и во владата и во опозицијата“ со нетрпение го очекуваат тоа.

Како што додаде, тие сакаат да покажат дека сите се исти во Србија, иако признаваат дека има и такви кои се против претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Тие нè етикетираат сите заедно, а за жал некои политичари во Србија ги хранат токму таквите приказни“, порачал Ѓуриќ.