Тешко е со зборови да се опише салата во која вечерале светските лидери-најдобро е сами да погледнете.
Пекинг овие денови е центар на светот, бидејќи таму се одржува форумот„Еден појас-еден пат„ на кој присуствуваа бројни светски лидери, а меѓу нив се наоѓа и делегацијата на Србија на чело со Александар Вучиќ.
Улиците на главниот град на Кина се измиени и украсени до таа мера што многумина кажуваат дека Пекинг никогаш не бил поубав. Гламур и сјај блескаат на сите страни, а ништо помалку луксузно не е ни внатре во одаите во кои се собираат политичките и економските лидери на светот. Дека Кинезите ништо не препуштаат на случајноста, зборуваат и овие фотографии за од гостинската сала направена во очи на вечерата која претседателот на Кина ја организирал за сите гости.
Секој тањир има посебен вез, секоја лажица , вилушка , нож се поставени милиметарски прецизно, сразмерно оддалечени од другите.
Колку гости-толку конобари. Бројни млади Кинези се на услуга за секој гостин, подготвени во трк да ја исполнат секоја желба.
Тука се и незаобиколните кинески скулптури кои ги украсуваат маситево салата, а домаќинот на форумот не откри колку сиот тој гламур чини. Судејќи според она што можеме да го видиме само на основа на овие слики, нема дилеми дека Кинезите станале сериозна економска сила и дека не би било изненадување дека наскоро ќе станат и број 1 во светот.
После вечерата организирана е спектакуларна кинеска опера , која ќе биде одржана во великиот Дом на народите.
С.В.