Гласањето во Гостиварско почна, сите избирачки места отворени навреме

од desk4
124 прегледи

Вториот изборен круг од претседателските избори во три гостиварски општини почна навреме, информираа од општинските изборни комисии.

Во Општина Гостивар вкупниот број на избирачи во избирачкиот список изнесува 79.493, а се гласа на 121 избирачко место. Вчера правото на глас го искористија 20 болни лица.

Изборите почнаа навреме и во полошката Општина Врапчиште. Таму на 39 избирачки меса, правото на глас треба да го искористат 25.599 граѓани. Вчера гласаа шест лица пријавени како болни и петмина кои се наоѓаат во куќен притвор.

Сите 39 гласачки места утрово беа отворени и во Маврово-Ростуше, каде право на глас имаат 9.886 граѓани, од кои 17 гласаа вчера.