Гласањето за импичмент на Трамп можно следната недела

од Stefanija Kuzmanovska
347 прегледи

Членот на Претставничкиот дом Кетрин Кларк изјави дека гласањето за импичмент на Трамп може да се одржи веќе во средината на следната недела, пренесува Би-би-си.

„Имаме процес низ кој мора да поминеме, но имаме претседател кој ја охрабри бунтовничката толпа да оди во Капитол. Имаме пет мртви како резултат, а штетата на нашата демократија е навистина непресметлива“, изјави Кларк за Си-Ен-Ен.

Доколку импичментот на Трамп биде изгласан во Претставничкиот дом, тогаш процесот е преместен во Сенатот. Доколку сакаат да биде усвоен импичментот, демократите ќе мора да обезбедат двотретинско мнозинство во Сенатот и нема индиции дека може да се случи такво нешто.

Покрај тоа, сè уште е нејасно дали има доволно време да се спроведе тој процес пред Трамп да отстапи од функцијата на 20 јануари.

Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, веќе посочи дека би можела да го свика Претставничкиот дом за да започне втор процес на импичмент против Трамп, доколку американскиот потпретседател Мајк Пенс не се повика на 25-тиот амандман за прогласување на претседателот неспособен за вршење на таа функција.

Слични содржини