Гласањето заврши, Барселона има нов претседател

од Nikola Popovski

Фудбалскиот клуб Барселона доби нов претседател. Поранешниот претседател на каталонскиот гигант Жоан Лапорта се враќа да го води тимот од Каталонија.

Лапорта ја водеше Барселона седум години во првиот мандат, а од 2003 до 2010 година освои четири титули со клубот во Шпанија, две Лиги на Шампиони, три Суперкупа на Шпанија, како и Кралскиот куп, Суперкупот на Европа и титулата светски клупски шампион.

Повеќе од половина членови на клубот кои имале право на глас гласале за Лапорта.

Tој следните пет години ќе ги мине на кормилото на Барселона, а првата задача е да го реши статусот на Лионел Меси.

Најголемиот дел од кампањата на Лапорит се засноваше на задржување на Аргентинецот, па останува да видиме дали тој ќе успее во тоа.

Во гласањето, зад него завршиле Алеш Фонт и Тони Фреиша, а Лапорта ќе го замени Жосеп Бартомеу, кој поднесе оставка во октомври.

Слични содржини