Четириест и осум пријави се поднесени минатата година за мобинг на работно место, од кои 33 во јавниот, а само 15 во приватниот сектор. Овие бројки сугерираат на фактот дека мобинг или вознемирување на работно место постои ама ретко се пријавува.
Вработените стравуваат дека тоа негативно ќе влијае врз нивното идно работење, истакнаа експертите и учесниците наденешната конференција на која се презентираа резултатите од „Истражувањето за начинот, опсегот и влијанието на вознемирувањето врз жртвите на мобинг“, кое е реализирано од страна на „Гласен Текстилец“-Штип.
Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека истражувањата покажуваат дека најголема пречка и проблем е докажувањето на мобингот, затоа и во пракса има само две потврдени судски пресуди на нивно на држава.
„Тажно е уште тоа што, ние како држава, може да се пофалиме само со две судски постапки за мобинг. Значи, говориме за докажани судски постапки во првостепена и второстепена истанца и во двете се работи за јавен сектор“, наведува Ампева.