„Гласен Текстилец“: Веднаш да бидат повлечени ковид-мерките во спротивно ќе биде покрената иницијатива за оцена на уставноста

од Берта Китинска
671 прегледи

Здружението Гласен Текстилец најостро се спротивставува на новите  предлог мерки кои денеска беа презентирани од страна на министерот за здравство Венко Филипче

-Укажуваме на Владата на РСМ да не ги усвојува бидејќи самата предлог Одлука за задолжително вакцинирање на вработените од јавниот сектор е неуставна и противзаконска т.е. спротивна на чл. 9,10,11 и 27 од Уставот, спротивна на членовите 6,7,14 и 25 од Законот за заштита на правата на пациентите и спротивна на членовите 8,9 и 12 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.Бараме веднаш да бидат повлечени овие мерки кои задираат во човековата слобода и дејствување, бидејќи во спротивно ќе биде покрената иницијатива за оцена на уставноста и законитоста пред Уставниот суд на РСМ како и повик за протест до вработените и од јавен и од приватен сектор против ваквите мерки, велат од Гласен Текстилец.

Комисијата за заразни болести денеска одлучи да и предложи на Владата нови мерки со кои сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа при одење на работа ќе треба да приложат потврда за примена најмалку една примена вакцина, негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа и ќе биде направен на сопствен трошок, потврда за прележан Ковид не постар од 45 дена или потврда од лекар специјалист дека не можат да примат вакцина поради ретки имунолошки состојби.

Слични содржини