
Според гласини, 2017 година може да е последната во која моделот Алесандра Амброзини ќе се прошета како ангел во ревијата на Victoria’s Secret.
Моделот, кој е меѓу 55-те убавици во Шангај, очигледно е блиску до пензионирање, а обожавателите се исклучително тажни од веста.

„Ако тоа е нејзината последно ревија на подиумот на Victoria’s Secret, тогаш нека биде истовремено прослава за нејзината извонредна работа за брендот и емоционално збогување“, пишуваат од Fashionista.
Алесандра Амброзио е еден од ветераните на брендот и стана најпрепознатливо и симболично лице. Таа е амбасадор на Пинк линијата од 2000 година, а нејзината кариера за Викторија Сикрет започна во 2004 година.

Во 2012 година таа за прв пат, заедно со Адријана Лима го носеа Fantasy Bra. Во оваа фаза, ниту супер моделот ниту брендот немаат официјална изјава на оваа тема.