Само шест месеци по пристигнувањето во Италија, шпанскиот напаѓач Алваро Мората решил да ја напушти Серија А и да замине во Турција. Според информациите, неговиот агент Хуанма Лопез веќе преговара со двата клуба за трансфер кој нема да биде помал од 13 милиони евра, колку „росонерите“ платиле на Атлетико Мадрид по УЕФА ЕУРО.
Во оптек се различни формули, од позајмица со опција за купување, до продажба, се поради стравот во Галата дека Виктор Осимхен и Мичу Батшуаји, без повредениот Мауро Икарди, нема да можат да ја дочекаат сезоната до крајот и да се одбранат од Фенербахче, кој сериозно се засили со Шкрињар, Диего Карлос, Талиска и Огњен Мимовиќ од Црвена звезда.
Според некои информации, Мората не бил „пријателски настроен“ кон околината, атмосферата во соблекувалната, ниту односот со соиграчите, особено со Леао, Рејндерс и Пулишиќ. Во секој случај, доколку Милан остане без Мората, Тами Абрахам и Лука Јовиќ ќе поделат минутажа и ќе се обидат на тимот да му обезбедат пласман во Европа, освен ако Серхио Консеисао не реши да купи уште еден центарфор во „минута до 12“.
Милан го сакаше Сантијаго Хименез од Феенорд, но не за „30+“ милиони евра…