Во стаклен сад се чува главата на Лисабонскиот убиец. Научниците се обидуваат да ја разоткријата мистеријата на Диого Алвес од Лисабон, Португалија.
Првото нешто кога ќе влезете во катедрата по Медицина на Универзитетот на Лисабон, е отсечен глава, која е поставена на полица, пишува Мирор. Главата е жолта, гледа спокојно и малку личи на компир. Стои таму толку години што лекарите речиси не ја забележуваат.
Тоа е главата на првиот португалски сериски убиец Диого Алвес, кој е и последниот човек во земјата, кој бил обесен. Диого Алвес е роден во Галиција во 1810 година, а во детството бил пратен во Лисабон, за да работи како послуга во богаташки куќи.
Но, тој наскоро открил дека животот како криминалец му се допаѓа повеќе. Тој се населил во долината Алкантара каде ги гледал фармерите од нивното враќање од Лисабон. Во наредите 3 години ограбил и убил 70 луѓе. Зошто сепак ја задржале главата? Алвес бил егзекутиран во 1841 година, во време кога френологијата како наука за првпат пристигнала во Португалија.
Оваа дисциплина која денес се смета за псевдонауката, била развиена од германскиот лекар Франц Јозеф Гал. Според френологијата, видот на черепот ја дефинира природата и склоноста на човекот. Поради тоа и португалските френолози одлучиле да ја задржат главата на Алвес. Тој самиот станува познат постхумно, има издадена негова биографија, а во 1911 година има направенои филм за него.