Главчев: Бугарија ја поддржува европската перспектива на Македонија, но мора да се почитуваат договорите

од Nikola Popovski
294 прегледи

Македонско-бугарските односи и понатаму во фокусот на јавноста во Софија по заклетвата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и во контекст на завршувањето на изборна кампања во државата. Бугарскиот в.д. премиер, Димитар Главчев повторно се огласил со реакција.

Во однос на претседателските избори во Македонија, Главчев истакнал дека „Бугарија повеќепати изјавила дека е за европска перспектива на земјава, но мора да се чекори по патот, доколку се има таква желба Македонија да биде членка на ЕУ, што подразбира почитување на сите договори“.

-Првиот таков договор го потпишавме на 1 август 2017 година (Договорот за добрососедство), а потоа во 2022 година се склучи Договор (францускиот предлог) во формат со целата ЕУ, потсетил бугарскиот в.д. премиер, објавија бугарските медиуми.

Тој додал дека доколку „Република Северна Македонија продолжи да посакува членство во ЕУ, треба да ги почитува сите договори“.

-Бугарија во никој случај нема да биде пречка за влез на Република Северна Македонија во ЕУ, под услов да ги почитува сите услови од 2022 година до сега, рекол Главчев.

Пред два дена, бугарскиот претседател Румен Радев со остро предупредување до политичарите во Македонија.

-Европската перспектива на земјата зависи од строгото спроведување на меѓународните договори во кои е членка, како и од одобрените чекори од Европскиот совет во јули 2022 година. Преговарачката рамка нема да се ревидира, се наведува во неговата изјава.

Радев порача и дека Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност и со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.

Тој потсети дека Македонија е членка на НАТО, од која произлегуваат соодветните должности и одговорности.

Слични содржини