Соработник на наркокартел на италијанската мафија си извадил македонски пасош?

од Andreja Salpe
407 прегледи

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски вчера на прес-конференција побара одговорност од власта поради лажните пасоши издадени на криминалци. Од опозицијата и понатаму бараат одговорност од државниот врв по аферата со фалсификувани пасоши и објавуваат нови детали за лицата што ги добивале. Од друга страна пак, премиерот Зоран Заев, како и министерот Оливер Спасовски, се на став дека акцијата е изведена професионално, но опозицијата се обидела да ја саботира.

Имено,  Мисајловски обвини дека, Валид Иса Хмаис, кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската наркомафија, на 9 јануари 2019 година во Скопје, во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо, роден 1965 година.

„Дали е ова вистина или, како што нарекуваат од СДСМ, само перцепција? Валид од 2017 година е во бегство во повеќе држави во светот, а по добивање на македонскиот пасош на име Таќо Вурмо, двапати во јануари 2019 година го искористил македонскиот пасош и преку аеродром Петровец заминал за Турција. Според последните информации објавени во италијанските медиуми наводно се наоѓа на островската држава Маврициус” – рече Мисајловски.

Заев вели дека во вршењето на акцијата, МВР се однесувало професионално, а со процесирањето на случајот за фалсификуваните пасоши, преку правосудните органи ќе се  испрати пораката дека за криминалот има казнивост.

„Кога некој открива, осознава и активно процесира криминал, тој треба да се награди, а не да одговара. Тие се вредностите насекаде во светот, така и кај нас – истакна Заев.

 

Слични содржини