Истрагата за тешката сообраќајка во која загина 45 лица на автопатот Струма продолжува. Во предистражната постапка работат шест истражители од Националната истражна служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство во Перник.
Портпаролот на главниот обвинител Сиика Милева вчера увери дека во најкус можен рок бугарските истражители ќе ги добијат потребните документи од македонските колеги.
Во оваа насока, главниот обвинител Иван Гешев и истражител ќе отпатуваат во Скопје за лично да го достават барањето за правна помош до Обвинителството во Северна Македонија. Бугарските обвинители треба да добијат ДНК профили од роднини на загинатите во автобуската несреќа заради идентификација на жртвите.
Обвинителството и истрагата денеска повеќе ќе ги расветлат верзиите за трагедијата.Преживеаните од тешката несреќа остануваат на лекување кај Пирогов. Нивната состојба е стабилна.