Актерот Ерик Мекормак, најпознат по улогата на Вил во серијата „Вил и Грејс“, соопшти дека се разведува по 26 години брак.
Неговата сопруга Џенет Холден прва поднела барање за развод.
Како причина за разделбата, Џенет ги навела непомирливите разлики меѓу неа и Ерик.
Ерик и Џенет имаат 21-годишен син, а нивната љубовна приказна започнала во Канада кога се запознале на снимањето на филмот Lonesome Dove.
„Непосредно пред тоа окончав една врска и не бев некој на кој можете да му верувате. Се забавував со актерки, но Џенет беше поинаква. Носеше фармерки и возеше камионет“, изјавил актерот своевремено.
Тие првпат се појавија во јавноста како пар во 1995 година, а венчавката следеше набргу откако тој ја доби главната улога во серијата „Вил и Грејс“. Ерик потоа опиша како бракот му помогнал да се справи со славата.