Главниот муфтија на Саудиска Арабија забрани играње на шах

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Врховниот верски лидер на Саудиска Арабијаго  најави шахот за “Харам”.

4611271

Врховниот верски лидер на Саудиска Арабија го најави шахот за “Харам”, или грев, што значи дека на муслиманите им се забранува да го практикуваат популарниот спорт, пишува британскиот весник “. Индипендеднт”. Шеик Абдул Азиз бин Абдула ал Шеик, кој е главен муфтија на Саудиска Арабија соопшти дека “играта шах е губење на време и можност за трошење на пари. Таа создава непријателство и омраза меѓу луѓето “. Говорејќи на телевизија шеикот Абдул Азиз споредувајќи го  шахот со античка предисламска игра наречена “мајзир”, која е забранета од Куранот. Неговата фатва не претставува уставна забрана на играта, бидејќи нема сила на закон. Во одговор на забраната претседателот на Саудиската асоцијација  за шах Муса Бин Тајлан изјави дека најавениот за денес турнир во шах во светиот за муслиманскиот град Мека ќе се одржи без промени. “Саудиската асоцијација  за шах вложи големи напори за популарноста на шахот и ќе продолжи да одржува настани насекаде, додека не биде принудена на друго”, рече тој и додаде дека многу религиозни забрани не се применуваат во Саудиска Арабија, давајќи пример за музичките фестивали, кои се забранети од религиозното општество, но и покрај тоа се насекаде.

Сепак Тајлан предупреди дека верската забрана може да  им даде на властите оправдување за откажување или прекинот на настани. Ова е уште една фатва на верските лидери на Саудиска Арабија, кои претходно ги забранија , детските филмови “Покемон” и правење снешковци. Религиозниот шиитски лидер на Ирак порано исто издаде фатва за играта шах, и ја забрануваат ја “при секакви околности”. Во Иран играта е прогласена за Харам по Исламската револуција во 1979 година Слична забрана има и издадена  и од Талибанците во Авганистан.