Главниот виновник може да се лоцира во опозицијата која ја блокира државата, вели Маричиќ за слабостите во Извештајот

од Nikola Popovski
177 прегледи

Ако треба јас да определем кој е главниот виновник, тогаш може да се лоцира во политичката структура која ја блокира сопствената држава. Многу повеќе закони и работи ќе беа направени, да не беше блокадата во Собранието. Дали се работи за Преспанскиот договор или уставните измени, ние секогаш сме се соочувале со блокади, рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција за вчерашниот презентиран Извештај на Европската комисија за напредокот на С. Македонија во 2023 година.

Според вицепремиерот, блокади има дури и на некои грантови и по општините каде опозицијата има мнозинство.

-Тоа не значи дека ние како Влада немаме слабости или недостатоци. Добра прилика е со креирањето на патоказите, да видиме кои се приоритетите. Знам дека сакаме да има дежурни виновници за одредени прашања, но комплексноста на овие прашања, особено владеењето на правото, бараат акција од сите партии и надлежните институции. Владата не треба да ги решава проблемите на Судскиот совет, исто и обратно. Владата треба да овозможи рамка за дејствување, порача Маричиќ.

Дециден е дека овој извештај е добра прилика да ги погледнеме проблемите во очи.

-Веќе сме држава која преговара и не чекаме, ниту сме кандидатка. Имаме напредок во одредени области и слабости во одредени. Ако мислиме дека ние ќе си ги направиме реформите, а нема да ги направиме уставните измени, сме виделе на дело не е така. Исто и обратно, не е решение, кажа вицепремиерот за европски прашања.

Слични содржини