ГЛАВОБОЛКА ЗА МУРИЊО: Бејл дојде повреден, Тотенхем ќе го чека уште долго!

од Vladimir Zorba

Герет Бејл пристигна во Лондон денес на лекарски прегледи пред да го потпише договорот со Тотенхем, но не успеа да го заврши без проблеми.

Иако навивачите во Лондон имаа големи очекувања од него, ќе мора да почекаат најмалку еден месец за да бидат исполнети.

Реал Мадрид и Тотенхем се согласија на едногодишна позајмица за велшкиот репрезентативец, но лекарските прегледи открија проблем што ќе го задржи долго време надвор од конкуренција за тимот на „петлите“.

Фудбалерот се врати од својата репрезентативна должност повреден. Првите проценки се дека тој ќе паузира четири недели.

На тој начин, Жозе Мурињо нема да може да смета на него во тој период.

Слични содржини